Категории

Мечка со мали мечиња фотографирана на Шар Планина

Навистина ретка фотографија од мечка со мали мечиња како се движат по снежната Шар Планина. 

Македонски планинар објави фотографии на кои се гледаат мечка и две мали мечиња, направени на 4-ти април, а на нив можат да се види како тие се движат во близина на врвот Мал Турчин, кој се наоѓа веднаш до Титов Врв, највисокиот врв на Шар Планина.

Често можат да се забележат мечки по македонските планини, но фотографии од нив не гледаме секојдневно, особено кога мајка е со мали мечиња.

 

Фотографиите се сопственост на Zija Jonuzoski и се превземени од следниов линк.
Прегледи:
1019
Објавено на:
05.04.2018