Категории

Мед и ореви за зајакнување на организмот во студените зимски денови

Медот и оревите се многу здрави намирници. Научниците одамна докажале дека содржат голема доза важни витамини и минерали, така што благотворно делуваат врз човековиот организам, а нивната смеса помага да се ослободите од многу опасни болести.

За да го подобрите внатрешното работење н а органите и целиот систем, треба почесто да јадете мед со ореви. Ќе ви биде од корист ако сте под емотивен стрес или работите тешки физички работи.

Зошто треба да јадете мед и ореви?

Кога јадеме редовно мед и ореви, во нашиот организам се случува следното:

  • ако сте пателе од главоболка, ќе помине.
  • го нормализира работењето на системот за варење. За да се решите од тврдата столица, јадете ја често оваа слатка смеса.
  • помага за брзо опоравување по породувањето.

Медот и оревите се незаменливи за женското здравје бидејќи содржат супстанци кои ја подобруваат циркулацијата на крвта во малата карлица, а со тоа го зголемуваат и либидото.

Кај мажите ја зголемуваат и потенцијата.

За зајакнување на имунитетот – доволно е секојдневно да се јаде мала количина од смесата. Ако веќе имате настинка, ќе ви помогне да се ослободите од затнатиот нос и воспалението на грлото.

Ако патите од анемија, јадете ги овие намирници бидејќи содржат железо, цинк, манган.

Медот и оревите го стабилизираат пореметувањето на метаболизмот.

Како да ја приготвите смесата од мед и ореви?

Оваа смеса воопшто не е комплицирана со приготвување. Помешајте 500 гр. мед со 500 гр. ореви и додадете им сок од еден лимон. Добро измешајте и ставете ја смесата во стаклена тегла.

Консумирање: За децата постари од 3 години – 1 лажица два пати дневно.

За возрасни: 1-2 супени лажици три пати дневно.

Бидете здрави!

Прегледи:
963
Објавено на:
15.01.2020