Категории

Меган Маркл за прв пат прозбори за кршењето на кралскиот протокол

„Знаев дека нема да биде лесно“- откри војвотката

Војвотката откри што мисли за кралскиот протокол и зошто толку често прави прекршоци.

Две недели после премиерното прикажување на документарецот на војводата и војвотката од Сасекс, Меган Маркл без многу размислување истакна дека нејзината главна цел не е да направи луѓето да ја сакаат.
„Не сакам да ме сакаат, сакам само да бидат способни да ме слушнат“, изјави војвотката Меган.

Како што можевме да забележиме, поранешната актерка сака потполно да се дистанцира од кралскиот протокол и формалности кога ги обавува кралските должности, како што направи минатата недела во приликата кога посети пекара во која работа маргинализирани жени. Таа истакна дека сака вистински да се поврзи со луѓето со кои разговара.

„Едно од нештата кои ги забележав овде е дека луѓето имаат одредени очекувања кога некаде доаѓам, но јас сакам само тие да бидат опуштени. Сите имаме некоја приказна која сакаме да ја раскажеме, а јас се чувствувам почестена што можам да ги слушнам вашите приказни“, – им рекла Меган на жените.

Меган Маркл одлучи да ги прегрне луѓето наместо кортуазно да ги поздрави што се смета за соодветно за членовите на кралското семејство.

„Навистина се обидов да го усвојам британскиот сензибилитет. Навистина го направив тоа. Никогаш не мислев дека ќе биде лесно, но мислев дека ќе биде фер. Со тоа ми е најтешко да се помирам“, призна војвотката.