Категории

Мексиканска баба стана светска инфлуенсерка со своите извонредни рецепти

Оваа супер баба од Мексико веќе има над 2 милиони следачи на својот Youtube канал на кој споделува традиционални рецепти

„Од мојот ранч до вашата кујна“ е скромна програма на госпоѓата Анџела. Наместо да ги пренеси тајните на своето кулинарство на своите следни колена, таа одлучи јавно да ги сподели и да им помогне на сите оние кои сакаат да научат да готват традиционални рецепти.

Без никакви намери да стане позната, туку само желба да ги култивира луѓето и да ги научи на нешто, бабата Анџела о Мексико одлучи на својот youtube канал „Од мојот ранч до вашата кујна“ да го пренесува мексичкото културно наследство од една генерација на многу други.

Доња де Мичоакан (Мексико), како што ја нарекуваат, не само што прави типична храна туку и ги прикажува плантажите на својот скромен ранч.
Сите се согласни дека главната причина за нејзината вртоглава популарност е тоа што се разликува од сите останати содржини на интернет и многу не потсетува на нашите баби и дедовци и со тоа не враќа во детството. Ви препуштаме на вас да уживате во автентичната госпоѓа Анџела која веќе стана инфлуенсерка.