Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ДЕКЕМВРИ, 2017)

Стрелец

Стрелец

Кариера и пари:

Сонцето ќе помине низ вашиот знак, а тоа само ќе ги зголеми шансите за успех. Следете ги шансите со будно око и не дозволувајте да пропуштите нешто! Ова е месец на многу можности, па затоа бидете внимателни. Кога се работи за парите, подобро е да се стрпите од прекумерно трошење.

Здравје:

Во првата недела декември, вашата здравствена состојба ќе биде на задоволително ниво. Но,веќе со почетокот на втората недела, намалете го темпото на животот. Можни се конфликти, повреди, несреќи…

Љубов:

Првите денови од декември ќе ви бидат највесели, бидејќи Венера ќе биде во вашиот знак. Венера ќе направи да се чувствувате секси и ќе ви донесе хармонија доколк сте во врска. А доколку сте сингл, може да ви донесе флерт, па дури и бројни авантури.

Совет: Внимавајте како ги бирате пријателите.

Јарец

Јарец

Кариера и пари:

Можни се проблеми со личности со кои до вчера добро сте функционирале. Секогаш ве има служено среќа, но сега некои ситуации се имаат свртено во туѓа корист и вие не можрте да се снајдете во таа некоја нова приказна… Трошете се себе си на вистинските работи и обидете се своите планови да ги придвижите. Посебно за тоа ќе ви биде поволна средината на овој месец.

Здравје:

Нема потреба да се избрзува. Држете се до своите планови, зашто секоја неочекувана промена влијае и на вашето здравје.

Љубов:

Заситеноста од излегувања ќе ве насочи кон мир и повлеченост. Најдобро ќе се чувствувате во сопствениот дом, а ако е со вас и саканата личност, уште подобро. Оние што се сами сепак повеќе ќе бидат со друштво, но истовремено нивното мечтаење нема да има граница.

Совет: Не запоставувајте го семејството.

Водолија

Водолија

Кариера и пари:

За да го поправите она што го работите ќе мора да се отворите и повеќе да соработувате со другите. Ставот дека некој не е добар, особено ако се однесува за вас, не е добар. Поработете на сопствената анализа и сè ќе ви биде појасно, а потоа и полесно.

Здравје:

Духот го води телото, но токму на телото некогаш му  е потребен одмор. Внимавајте да не претерате со преоптоварување на телото.

Љубов:

Ќе ви се чини дека љубовта ви бега од раце за милиметар. Тоа ќе ве нервира и ќе ве растажи. Треба да сфатите дека не е сè во вашиот настап, и другата страна има некои свои права. Никој не сака да биде потчинет, па ни вашата љубов.

Совет: Хранете се што е можно поздраво.

Риби

Риби

Кариера и пари:

Вашиот труд ќе биде препознаен, а вие ќе бидете ценети. Понекогаш ќе имате чувство дека премногу ве истакнуваат. Скромноста и срамежливоста кои доаѓаат од вас ќе бидат пример за другите.Овој месец бредно ќе работите и без многу прашања, па затоа и вредн ќе бидте наградени.

Здравје:

Не истоштувајте се премногу. Спијте 7-9 часа дневно, колку што му е потребно на телото да може нормално да функционира.

Љубов:

Ќе добиете интересен љубовен повик или интересна љубовна порака. Тргнете во оставрување на она што го сакате, а вие сакате толку многу, само што не сакате самите на себе да си признаете. Исто така, ве очекува средба со бившата љубов, претпазливо!

Совет: Вежбајте повеќе.

1 2 3

Прегледи:
1076
Објавено на:
01.12.2017