Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ЈУНИ 2018)

Лав

Лав

Kариера и пари:

Надредените ќе ве наградат за вашата одговорност и посветеност на работата. Овој месец најуспешни ќе бидете во тимската работа. Тоа ќе ви биде вашата можност да ги покажете своите квалитети и да се докажете како лидер. Кога се работи за финансиите, морате да бидете внимателни.

Здравје:

Јуни може да биде доста турбулентен период за вас, бидејќи вие сакате мир и комфор, а ова може да влијае на вашата внатрешна рамнотежа. Не обидувајте се да ги избегнете проблемите со прекумерно јадење и пиење.

Љубов:

Венера, планетата на љубовта, ќе биде во многу моќна позиција овој месец, што значи декаве очекува  сензуалност и хармонија, а уште долго ќе ги паметите случувањата кои ќе го одбележат овој месец, бидејќи многу е веројатна понудата за брак од вашиот долгогодишен партнер. За оние кои не се во врска препорачливо е да отпатуваат неколку дена, каде ќе доживеат незаборавна авантура.

Совет: Јадете повеќе здрава храна.

Девица

Девица

Kaриера и пари:

Сонцето ќе влезе во куќата на кариерата, а тоа ви ветва шанса за успех и добра заработка. Сѐ ќе се одвива онака како што вие сакате, така што, не треба да се грижите. Најдобро ќе ви оди тимската работа, па можете да започнете со некоја групна активност.

Здравје:

Ризикот од настинки ќе биде значително намален во однос на минатиот месец, но сепак, бидете внимателни. Можно е да се соочите со хроничен замор.

Љубов:

Ова ќе биде месец во кој ќе бидете во потрага по авантура. Добро би ви дошло патување со партнерот на крајот од месецот, а доколку не сте во врска, отпатувајте со некој пријател, па дури и сами, среќата секако ќе ви се насмевне кога станува збор за љубовта. Во првата недела од јуни ќе се чувствувате како да сте осамени, па затоа ќе барате некој личност која ќе ве развесели.

Совет: Бидете во контакт со стрите пријатели.

Вага

Вага

Кариера и пари:

Во првите две недели од јуни ќе имате можност да се покажете колку сте добри во она што го работите. Не пропуштајте ја шансата, бидејќи тоа може да ви донесе покачување на платата. Помеѓу 7ми и 17ти јуни, Меркур ќе биде влезен во куќата на кариерата, па тоа може да ви донесе мали проблеми со финансиите.

Здравје:

Овој месец треба да бидете многу внимателни кога се работи за вашето здравје, бидејќи ќе чувствувате замор и намалување на виталните знаци. Бидете смирени и штитете се од стресни работи.

Љубов:

Сѐ до 23јуни, Венера нема да биде во добра позиција за Вагите. Овој период може да ви донесе проблеми во врската. Но, веќе наредната недела работите ќе се вратат на своето место, така што, можете да здивнете. Доколку не сте во врска, искористете го вашиот шарм и личноста која ви се допаѓа може да ве покани на состанок.

Совет: Потрудете се секогаш да гледате на позитивната страна.

Шкорпија

Шкорпија

Кариера и пари:

Ова ќе биде месец во кој ќе можете да направите некои промени кои ќе ви бидат потебни. Положбата на Марс и Уран може да ви донесе мали неуспеси на професионално поле. Во последната недела од јуни работите теба да се сменат, а финансиите ќе ви се зголемат, па многу е веројатно да инвестирате во нешто.

Здравје:

Со положбата на Марс и Уран, вашата здравствена состојба не изгледа добро. Може да почувствувате нагли промени кои ќе ви донесат потешкотии.
Љубов:

Сѐ до 23ти јуни, положбата на Венера ќе биде во куќата на љубовните вски, а тоа ќе ви донесе топлина и нежност на љубовно поле. Ова ќе биде период во кој ќе се чувствувате сигурни и цврсти како никогаш. Жедта за љубов ќе ви биде голема, што дополнително докажува дека сте емоционални.

Совет: Стапете во контакт со некој пријател од странство.

 

1 2 3

Прегледи:
1246
Ознаки:
· ·
Објавено на:
31.05.2018