Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ЈУНИ 2018)

Стрелец

Стрелец

Кариера и пари:

Овој месец ќе бидете фокусирани на соработката, што ќе ви донесе дополнителна соработка. Што и да правите, тоа ќе го правите заедно со вашите колеги. На крајот на јуни можни се шанси за нови договори. Финансисата состојба ќе ви биде деликатна до 17ти јуни, внимавајте!

Здравје:

Со Венера, која ќе биде лоцирана во куќата на здравјто, вашата здравствена состојба ќе биде задоволителна. Ќе бидете преокупирани со негата на телото, диети и други третмани кои се поврзани со убавина.

Љубов:

Сонцето овој месец ќе биде лоцирано во куќата на паровите, а тоа ќе ви донесе дополнителна позитивна енергија. Партнерот ќе ви биде најважната личност на светот за вас, а тоа ќе ви ја зацврсти врската. После 7ми јуни Меркур ќе биде во спротивна насока од куќата на паровите, што значи дека некои стари проблеми може повторно да бидат точка на дискусија.

Совет: Јадете здрава храна и внесувајте повеќе течности.

Јарец

Јарец

Кариера и пари:

Јуни ќе ви биде доста активен месец кога се однесува на професионално поле. Во првите две недели од овој месец, ќе имате повеќе авторитет и ќе подобро ќе ги користите вашите лични вештини. Вторите две недели ќе се посветите повеќе на соработката и партнерството.

Здравје:

Препорачливо ви е да одите на рутински преглед кај лекар, бидејќи Меркур ќе биде во спротивна локација на здравјето. Не мислете се многу, доколку се двоумите, побарајте второ мислење.

Љубов:

Под топлите зраци на Венера, која ќе биде во куќата на љубовта овој месец, во текот на целиот месец ќе чувствувате сензуалност и позитивни вибрации. Можно е некои денови да се чувствувате запоставено, но, воглавно планетата на љубовта ќе ви донесе многу незаборавни моменти.

Совет: Потрудете се да направите баланс помеѓу работата и семејството.

Водолија

Кариера и пари:

Oвој месец Сонцето ќе ја шири својата позитивна енергија, а вашите таленти ќе дојдат до израз.  Исто така, ќе имате голем капацитет за искажување на вашата креативност. Но, внимавајте, кон крајот на месецот можни се мали проблеми во финансиите.

Здравје:

Ќе имате многу енергија, но тоа не ви гарантира добро здравје. Овој месец имате предиспозиции за стресни и ризични несреќи. Бидете внимателни додека возите!

Љубов:

Сонцето ќе премине во куќата на љубовта и задоволствата во првите две недели од овој месец. Тоа ќе биде период на флертувања и романтични афери и секако еротски искуства. Но, не мешајте ги премногу работите, посебно во првиот дел од месецот.

Совет: Поканете ги пријателите на еден вкусен ручек.

Риби

Риби

Кариера и пари:

Во втората недела од јуни, можно е да се соочите со проблеми во финансиите. Но, како и да е, по кратко време ќе изнајдете решение за проблемите. Важните одлуки на професионален план одложете ги за крајот на месецот.

Здравје:

Скоро во текот на целиот месец ќе бидете расеани и ќе ви фали концентрација, а тоа може да ве доведе до стресни ситуации.

Љубов:

Венера ќе помине низ третата куќа на Риби, а тоа ќе ве охрабри да го отворите срцето. Ова ќе биде месец на искажување на емоциите и сентиментални разговори или љубовни изјавувања.За оние кои се во врска, ова ќе биде поволен месец за повторно да ја разбудат еротиката во врската. А доколку не сте во врска, ќе имате многу динамичен период кон крајот на месецот.

Совет: Запаметете дека за сѐ има решение.

1 2 3

Прегледи:
1245
Ознаки:
· ·
Објавено на:
31.05.2018