Категории

Месечината е убава и кога е преполовена и кога е полна – Така и вие, сакајте се во секој вид какви и да сте

Месечината, сонцето, небото и облаците ја променуваат формата и бојата без двоумење. Но, никогаш не сме ја доведувале во прашање нивната вродена природа и убавина па, зошто мора да бидеме толку остри едни спрема други кога ќе се смениме? 

Почнувам да разбирам зошто сме толку фасцинирани од работите што никогаш не можеме да ги допреме, но, секогаш можеме да ги видиме.
На пример тоа како небото е толку огромно и може да се види каде и да сте во светот, и како небото буквално ги менува нијансите како да вели: „Јас постојам и секогаш ќе ги покажувам моите вистински бои“
Или фактот дека ги гледаме месечината и сонцето секој ден но, понекогаш месечината е само парче, но сепак останува сјајна или кога е полна, застануваме да гледаме со стравопочит.

Или фактот дека не можеме да не застанеме за да погледнеме во прекрасното изгрејсонце или зајдисонце. Гледајќи како огнената топка се сместува под хоризонтот за да се одмори, кога сме облегнати на тревата покажувајќи кон облаците што се склопуваат во само она што го создаваме во нашите умови. Значи, тоа е вистина.. Сите овие чуда што не можеме да ги допреме, туку само да ги видиме. Месечината, сонцето, небото и облаците ја променуваат формата и бојата без двоумење.

Но, никогаш не сме ја доведувале во прашање нивната вродена природа и убавина па, зошто мора да бидеме толку остри едни спрема други кога ќе се смениме? Или можеби кога ќе видиме промени во нас самите? Или кога некој ги менува своите бои за да изрази чувство што се плашел да го пренесе? Промените и боите во вашите животи нека бидат смели и убави. И можеби ќе почнете да се гледате себеси и другите на начинот на кој ги гледате месечината, сонцето, небото и облаците.