Категории

Мислиш дека си доволно фит? Тестирај го својот физички капацитет!

Одржувањето  на физичката кондиција е од основно значење за физичкото и психичкото  здравје на секој од нас.

Покрај многубројните здравствени придобивки, физичката активност претставува одличен начин да се активираат мускулите на телото, а притоа да се ослободите од секојдневниот стрес.

Токму поради тоа, Европската недела на спортот постојано ги активира љубителите на спортот и спортските активности организирајќи настани кои нудат физичка активност проследена со многу дружење и забава.

За таа цел, на 29. септември со почеток во 17 часот на паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Crossfit Skopje организира фитнес предизвик.

Без разлика на степенот на вашата физичка подготвеност, Crossfit Skopje ги охрабрува сите повеќе или помалку физички активни љубители на спортот да го тестираат својот физички капацитет преку предизвик кој гарантира многу забава и дружење. #BE ACTIVE Crossfit Skopje Challenge ќе се состои од две вежби кои ќе покажат кој/а е најфит.

Бидете и вие дел од овој crossfit предизвик кој не треба да го пропуштите. За учество пријавете се на линкот и РЕЗЕРВИРАЈТЕ го вашето место бидејќи бројот е ограничен.