Категории

Мислиш дека си грда, но се гледаш себеси само во огледало

Ова е текст за сите девојки кои мислат дека се грди, поради што можеби не исполнуваат некои општествени стандарди а убавина. Убавината е многу повеќе од физичко совршенство.

Мислиш дека си грда, но се гледаш себеси само во огледало.

Не се гледаш себеси кога лицето ќе ти се осветли, кога ќе видиш бебе, сладолед, или твојот омилен ресторан.

Не се гледаш себеси кога ќе му се насмевнеш најубаво на цел свет на човекот кој го сакаш.

Не се гледаш себеси, колку си убава, кога си фокусирана правејќи нешто што го сакаш.

Мислиш дека си грда, но никогаш не си се видела себеси како изгледаш кога зборуваш за работите кои ги сакаш, кога очите ти светнуваат од радост и самите тие се смешкаат.

Никогаш не си се видела колку си преубава кога се засркнуваш и поцрвенуваш од смеење, кога ќе слушнеш некоја лоша шега.

Не си се видела ни како потскокнуваш од радост кога ќе се сретнеш со другарките.

Се немаш видено себеси со колкава љубов играш со твоето милениче.

Не си се видела себеси во најмалите, најнежните, највистинските моменти од своето постоење. Си се видела во огледало, а тоа е една фарса, лага, еден толку небитен момент. Најубава си кога се смееш, кога се радуваш, кога зборуваш со страст во твоите очи, кога чекориш и постоиш на оваа земја полна со љубов кон животот!

 

Прегледи:
536
Објавено на:
28.10.2020