Категории

Млада Индонезинка споделува совети како до успешен стартап

Започнување бизнис без никакво искуство може да изгледа застрашувачки, но тоа не ја спречи младата 31-годишна девојка од Индонезија да го оствари својот сон. 

Нејзината цел беше да создаде место од каде што ќе може да се набавува козметика. Таа својот бизнис го започна развивајќи ја е-платформата Sociolla, којашто подоцна се прошири во отворање 48 продавници во Индонезија и 13 во Виетнам. Кристинати Индијана сега е мултимилионер и споделува неколку совети како до успешен стартап:

  • Доколку сакате да бидете успешни осигурајте се дека она што го правите е правилно. Осигурајте се дека производите што ги  нудите се здрави и безбедни.
  • Изберете ги вистинските лидери. Кристинати вели дека како млад претприемач таа не знае многу работи и затоа соработува со луѓе коишто имаат поголемо познавање од неа. Оваа тимска соработка придонесе да нивниот стартап прерасне во мултимилионски.

 

Прегледи:
347
Објавено на:
06.12.2022