Категории

Модни парчиња кои ја одбележаа 2020 година но наредната нема никој да ги носи

Излегуваат од мода подеднакво брзо како и што се пласираа помеѓу водечките трендови. Еве од кои модни парчиња ќе треба да се простиме идната година.

Модата секоја година ни донесува мноштво од нови трендови, но поголемиот дел од нив се краткотрајни, односно, излегуваат од мода со иста брзина со која стануваат хит.

1.Минијатурни ташни
Иако на прв поглед се неодоливи, овие ташни во кои не собира нити еден кармин всушност не служат за ништо освен за додатно оптеретување и носење уште една ташни. Се враќаме на стандардните ташни со дефиниран облик и елегантен изглед, пространи или мали во нив може да собере се што ни треба.

2.Искинати фармерки
После речиси десет години, овој тренд заминува во историјата. Класиката е повторно во мода.

3.Неон бои
Иако трендот на неон бои беше на модната сцена од 2016 година, после неколку месеци овој тренд почна да бледее. Во иднина ќе биде резервиран само за возење велосипед кога е неопходно да бидете што повоочливи за ваша безбедност на патот.

4.Прскани шарени парчиња
Како што пристигнаа така и си одат, не направија некој особен моден „бум“, но оние кои ги обожаваа и носеа, ќе треба да се збогуваат од нив идната година.

5.Бициклистички
Како и неонските нијанси, бициклистичките и се враќаат на својата примарна намена – за во теретана и за возење велосипед.

6.Ментол боја
Единствената причина поради која оваа прекрасна нијанса излегува од мода е бидејќи тешко се комбинира со другите парчиња и бои.

7.Краток тексас шорц
И на овој долгогодишен тренд му велиме Збогум. Тесните и кратки тексас шорцеви ќе ги замениме со широки и долги модели.

 8.Микро наочари за сонце
Слично како и микро ташните, нити овој моден аксесоар нема баш практична примена. Се враќаме на шик моделите на очила за сонце кои вистински не штитат од сонцето.

9.Прозирни парчиња
И овие хит парчиња го завршија своето кога е во прашање секојдневната мода, пред се бидејќи се доста непрактични за секојдневно комбинирање. Од сега им даваме предност на парчињата од сатен и свила.

Прегледи:
765
Објавено на:
19.12.2020