Независно од тоа дали ја сакате или не војвотката од Сасекс, денес речиси и не постои портал кој што не пишува за нејзиниот стил, така што може слободно да се прогласи за модна икона.
Иако нејзиниот стил е ограничен од должностите кои и се налагаат откако стана член на кралското семејство и често е на мета поради несоодветните комбинации како што се фармерките или фустаните без ракави, нејзиниот личен стил секогаш доаѓа до израз.
Во продолжение ви откриваме кои парчиња кои речиси секоја дама ги поседува во својот гардеробер, се токму помеѓу омилените и на војводката Меган и гласат за нејзин „заштитен знак“ кога се работи за нејзиниот стил.
Салонки во “nude” нијанса
Познатото модно правило гласи дека чевлите кои се во слична или иста нијанса со тенот на вашата кожа, видно ги издолжуваат вашите носи. Уште една причина поради која војводката ги обожава е тоа што се вклопуваат во секоја комбинација без да одземаат премногу внимание од нејзиниот аутфит.
Тренч мантил
Овој модел на мантил е резервиран за пролет и есен. Тренч мантилите веќе со децении претставуваат клучно парче во женската гардероба, а војводката ги носи секогаш и секаде, во сите можни варијанти.
Миди фустан
Со сигурност веќе можеме да го прогласиме овој модел на фустан за таков кој може да се носи секаде и во секоја прилика. Бидејќи веќе и се забранети мини фустаните, сопругата на принцот Хари одбира фустан со ваква должина за секоја прилика, и мораме да признаеме не постои жена на која овој модел не стои добро.
Класични модели на очила за сонце
Војводката најчесто избира очила за сонце кои се класични модели без необични форми и премногу додатоци. Тие се одличен аксесоар кој се вклопува во секоја комбинација.
Класично сако
Овој модел на сако можете да го носите и во елегантни и во кежуал комбинаци. Со фустани, панталони и фармерки. Мултифункционално парче кое војводката го обожава.