Категории

Моќни фотографии животни кои откако биле спасени доживеале длабока старост

Трогателните фотографии ја демонстрираат почитта на фотографот Лешко кон субјектот, прикажувајќи го тоа преку начинот на кој ги фотографира. „Спасените домашни животни честопати се однесуваат чудно со непознати“, објаснува таа. „Понекогаш се потребни неколку денови да се развие врска со животните за да може да ги фотографирате. Честопати поминувам по некоку часа лежејќи на земјата со нив пред да ги фотографирам. Тоа им помага да го прифатат моето присуство и да ги запознаам подобро.“

„Дозволено да старееш“ е нова книга во која се наоѓаат фотографиите на Лешко, како и биографските податоци на нејзините субјекти.

Во нејзините фотографии, Иса Лешко создава достоинствени фотографии од домашните животни во нивната старост откако биле спасени и засолнети на фарма.

Нивните погледи раскажуваат приказни за тешките животи кои овие суштества ги издржале. Некои од нив, како Бади (28-годишен коњ), е слеп и страда од артритис, Виолет, е 12-годишна свиња, која е делумно парализирана. Нивните приказни се трагични, но и уникатни. „Скоро сите животни кои што ги сретнав за овој проект претрпеле ужасна злоупотреба и запоставување пред нивното спасување“, пишува Лешко. Сега тие можат да стареат достоинствено.