Категории

Моќта на умот – Како да знаете дека некој мисли на вас?

Ако нечија ментална слика одненадеж се појавува во вашиот ум, без да ја предизвика нешто од околината, постои голема можност дека некој мисли на вас.

Некој во скоро ви падна на ум? Пред да ја избришите таа мисла, разгледајте ја можност дека во тој миг и тие мислат на вас. И двата не сте свесни, но вашите мисли се обидуваат да ви кажат некоја длабока порака.

Морате само да го интерпретирате начинот на комуникација, наместо да го насочите вниманието на други нешта, како што е телевизија или видео игри. Телепатската поврзаност помеѓу два ума има некои вистини во себе. Нејзиното постоење е неоспорно.

Сите го чувствуваме тоа на честа основа. Дури и во изолација, тоа е она што не поврзува со оддалечените места и луѓе. Како да знаете кога некој мисли за вас?
Овие интересни линии на комуникација можат да се воспостават помеѓу љубовници, пријатели или било кој со кого имате блиска врска. Кога размислувате за некој со исклучителен фокус, можете да му се обратите нему. Само будалите ги негираат ваквите психички можности на умот.

Како да знаете кога некој мисли на вас, еве неколку знаци:

Ако нечија ментална слика одненадеж се појавува во вашиот ум, без да ја предизвика нешто од околината, постои голема можност дека некој мисли на вас. Мисловните бранови се ориентираат спрема вас и се обидуваат да се синхронизираат со вашите ментални фрекфенции.

Ако некој не сте го виделе долго време и од никаде се затекнувате себеси како размислувате за него цело време, вашиот ум се обидува да ве приближи до него.
Ве предупредува да се најдете со него и да се потсетите на старите времиња. Ве потсетува дека некој силно посакува да разговара со вас и дека стално мисли на вас.

Прегледи:
1494
Објавено на:
09.02.2020