Категории

Морската ѕвезда за која има надеж

Една ноќ, голем бран исфрлил на копното стотина прекрасни морски ѕвезди. Но, кога излегло врелото сонце, ѕвездите почнале да умираат.
По брегот шетале двајца луѓе. Првиот ги здогледал ѕвездите како умираат и почнал да размислува за тоа колку тажна судбина ги снашла. Нивната смрт го растажила. Така онерасположен продолжил да чекори по брегот..

Другиот човек шетал полека и со загрижен поглед. Се приближил до ѕвездите и ги земал во рацете и почнал да ги фрла во морето.
Првиот човек го забележал тоа и му се приближил прашувајќи го: „Што правите човеку?“
„Ги враќам ѕвездите во морето!“ – одговорил човекот и продолжил да се наведнува и да ги враќа насуканите ѕвезди во водата.

Првиот човек зачудено прашал: „Но зошто? Па погледнете само колку ги има? За сите нив и онака нема шанси!“

Другиот човек се наведнал, земал уште една ѕвезда во рацете и ја фрлил во морето одговарајќи: „Но за оваа има шанси!“

Прегледи:
740
Објавено на:
17.12.2020