Категории

Мудра приказна: „Исус и детето“

Едно дете отишло на ливада. Таму слушнало некој глас кој го довикува.
-Момче!
-Кој е тоа?
-Тоа сум јас, Исус.
-Зошто си ти тука? Зарем не си мртов?
-Не, телото ми е мртво.
-Не е ли тоа исто?
-Не. Чувствуваш ли понекогаш, како сега, некоја топлина во срцето, некој повик?
-Да, но..
-Јас не можам да умрам. Се додека сум во твоето срце и додека луѓето сеуште се сеќаваат на мене. За жал, тие ме убија и сега ме забораваат. Се плашам дека ќе ги загубам.
-А зошто би го направиле тоа?
-Затоа што мислат само на себе и своите потреби.
-Можам ли јас некако да помогнам да им се врати верата?
-Секако дека можеш. Но сеуште си мал. Ќе разговараме кога ќе пораснеш, сеуште не е време. Само, немој да ме заборавиш и да тргнеш по лош пат.
-Нема! Но чекај, како да ти се обратам?
-Предади ми се и моли се. Кога ти е тешко а и кога си радосен. Тогаш ќе ја почувствуваш мојата моќ. Како што птиците небесни летаат но не знаат за мене, но чувствуваат дека нешто ги води. А сега извини ме, морам да одам.