Денес едноставно не ви е ден за говење? Времето е идеално за брз ручек. Затоа ви претставуваме прекрасен рецепт за вкусна мусака која се подготвува за кратко време.
Состојки:
- 200 гр тестенини
- 200-300 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- масло
- зачин
- сол
- црвен пипер
- 2 јајца
- 200 гр кисела павлака
- кашкавал
Подготовка:
Сварете ги макароните и додадете малку масло да не се залепат. На масло пропржете го ситно сечканиот кромид и додадете мелено месо и пропржете го. Додадете го сечканиот лук, зачинот, пиперот. Подмачкајте ја тепсијата. Изматете го јајцето и додадете павлака и измешајте и додадете во тестенините.
Ставете ги половина од тестенините и додадете го меленото месо во кое сте ставиле и 1 јајце. Одозгора распоредете го другиот дел од тестенините. Изрендајте малку кашкавал. Печете на 200 степени C околу 30 минути да зарумени.
Добар апетит!