Категории

На 16. октомври публиката во МОБ ќе ужива во изведбата на балетската претстава „Дамата со камелии“

Во вторник, 16 октомври, 2018 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена раскошната балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди.

„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31.10.2014 г. Работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат: Првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски.

Настапуваат, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.

Диригент е Иван Еминовиќ.

Прегледи:
681
Објавено на:
12.10.2018