Категории

На 8. мај го прославуваме Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Денес, по повод 8. мај, Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Црвен крст на град Скопје организираа настан за одбележување на уште една успешна година исполнета со многу хуманост, волонтери и добри дела.


8. мај се смета за Светски Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, поради тоа што на оваа дата е роден основачот Анри Динан, и на овој ден е годишното одбележување на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина.

На денешниот настан во ресторанот Рагуза 360, се обратија претставници на волонтерите на Црвен крст, Комерцијална банка, Македонска пошта, а програмата продолжи со младите таленти од драмската секција.
На денешниот ден, ја прославуваме храброста и постигнувањата на нашите волонтери и вработени, чии живото-спасувачки услуги и услуги кои го менуваат животот на луѓето и ја покажуваат нашата секојдневна заложба кон хуманоста.

Во текот на целата 2019 година, ќе ја прославиме силата и моќта на нашата глобална мрежа, како и придонесот на нашиот персонал и на околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото “# Love, # Љубов, # Dashuri”, соопштија од Црвен крст.