Категории

НА БАЈАГА ВО ПРИРОДА! 35 ГОДИНИ БАЈАГА И ИНСТРУКТОРИ OPEN AIR 13.09.2020- ARM STADION

Авалон продукција со огромно задоволство ви го најавува нивниот можеби најшарматнен проект за ова лето. Тие изјавуваат дека:

„После најавата на неколку концерти во Охрид, време е да се објави нешто ново и за Скопје.
Имено, неделата во која во Скопје треба да бидат Електрични Оргазам на 11-ти септември, потоа фестивалот SKOPJE CALLING (со Vini Vici, Mahmut Orhan, Djaikovski, Maurice West и Cyrillic) на 12-ти септември, ќе се заокружи со славенички концерт на Бајага и Инструктори на најубавата локација во градот, стадионот на АРМ. На капацитет од 15.000 посетители, ќе бидат пуштени само 4.000 карти во продажба за концертот на којшто Бајага и Инструктори ќе ги свират сите свои хитови од супербогатата 35 годишна кариера, придружувани од хор и оркестар, а под диригентската палка на легедарниот диригент Војкан Борисављевиќ.

Влезниците во како што најавивме во ограничен број ќе бидат пуштени во продажба во понеделник во 09 часот наутро онлајн на avalon.mk, Avalon Music & Ticket Store и продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР – 700 денари
ФАН ПИТ – 1000 денари (само 500 влезници во продажба)

Концертот на Бајага и Инструктори ќе трае три часа, а за гостите коишто ќе ја отворат вечерта и ќе настапат како предгрупа, ќе бидете дополнително известени.

Носењето на заштитни маски ќе биде задолжително за сите, без исклучок, согласно препораките и протоколите за одржување на јавни настани кои се одобрени од Министерството за здравство и од Комисијата за заразни болести за превенција од Ковид 19.

Со надеж дека ќе го спасиме летото.

Ваша,
Авалон Продукција.“

 

Ние им посакуваме многу среќа и брзо распродавање на сите карти!

Прегледи:
738
Објавено на:
19.07.2020