Категории

На кои се начини можете да ги отстраните влакната од лицето ?

Влакната на лицето можат да бидат многу иритирачки,особено оние посилните и потемните. Еве неколку третмани да се справите со нив…

Депилација

Овој метод  е брз и евтин и не така болен бидејќи во прашање се мали површини. Можете да закажете третман во салон или да купите некои од производите за домашна употреба.

Ласер

Ласерскиот третман е добра опција ако сакате трајни резултати. Иако не е најевтин метод и тоа како ќе ви се исплати.

Фотоепилација

Ова е најдобар избор за жени со потемна кожа и посветли влакна. Иако е скап метод ,многу е долготраен. Влакната засекогаш ќе исчезнат или ќе станат многу тенки. Можете дури да купите и машина и да го правете третманот дома.

Крем за депилација

Ако сакате брз и поевтин метод кој е погоден за домашна употреба а тогаш кремот е вистински избор за вас. За жал резултатите не се долгорочни па е потребно да се повторуваат третманите.

Пинцета

Доколку имате некое влакно кое ви смета,најдорбо е да го искорнете со пинцета.

Електролиза

Оваа техника е апсолутно трајна – влакната нема повторно да пораснат,но третманите траат многу долго и можат да бидат болни. Сепак ова е најефикасен метод за отстранување на влакната.

Прегледи:
764
Објавено на:
03.02.2016