Категории

На која температура треба да ги перете алиштата во машина за перење за да ги убиете бактериите?

Британските стручњаци го дадоа својот одговор

Бидејќи облеката е една од главните преностели на висок ризик и може да биде опасна во домот за останатите членови од семејството, стручњаците ги открија најдобрите начини како да ја спречите инфекцијата на коронавирус со перењето на облеката.

Додека вирусот се шири, луѓето препорачуваат перење на облеката на највисоката можна температура со цел да се отстранат бактериите и микробите.

Меѓутоа, стручњаците советуваат дека тоа не е неопходно.
Тие откриваат дека перењето на 60 степени е сосема доволно.

„Вообичаена е заблудата дека луѓето треба да ја перат својата облека на најтоплиот можен режим со цел да се убијат бактериите, но тоа не е потребно. Тестовите докажаа дека перењето на облеката на 60 степени, со добар детергент, е сосема адекватно да се убијат бактериите“ – истакнува Сузан Фермор, портпарол на компанијата Dr Beckmann.

Прегледи:
443
Објавено на:
04.04.2020