Категории

На крајот секогаш останува само највредното

„Времето за обичниот човек е исто што и реката за трагачот на злато“

Понекогаш денот, како песок ми се лизга низ прстите. Некој да ме посматра од страна, би можел со мирна душа да ме нарече човек кој дегуби. Но нештата се всушност поинакви.
Таквите денови во кои не правам ама баш ништо се вистински авантура. Се качувам во стрмнините на мојата душа, ги средувам мислите, го полирам срцето до беспрекорен сјај. И кога во еден миг ќе забележам дека денот и ноќта накратко разменуваат неколку зборови во текот на вообичаеното „примопредавање на должноста“, за миг чувствувам вина.

Само за миг. Брзо исчезнува затоа што погледнувам во дланките и гледам дека, откако песокот истекол, на нив останале неколку сјајни зрна. Времето за обичниот човек е исто што и реката за трагачот на злато. На крајот, кога сите гнасотии ќе се исперат, во рацете останува само она највредното.

Прегледи:
496
Објавено на:
01.01.2020