Категории

На што помислуваат жените кога мажот ќе се соблече пред нив

Пописот за тоа што жените се способни да го забележат на машкото тело е навистина долг.

Додека тие мислат дека жените најчесто се грижат за нивната величина, жените забележуваат многу повеќе работи.

Мажите воглавно мислат дека нивната величина е најважното нешто кое жената прво го забележува, но не, тоа е само една од ставките на долгометражниот список на кој ќе се најде помеѓу многу други поважни нешта.
Ако имате трема, во право сте. Жените забележуваат ситници кои влијаат врз целокупната слика која ќе ја создадат за мажот.
Ви откриваме детали за тоа што мислат жените кога мажот ќе се соблече пред нив.

КАКВА ДОЛНА ОБЛЕКА НОСИ
Да нема забуни, тоа е едно од првите нешта кои жените ги забележуваат. Тесни боксерски или гаќи како на дедо. Секако, секој маж има свои преференции, но колку неа тој модел и се допаѓа мажот брзо ќе дознае.

„СЕ НАДЕВАМ ДЕКА СЕ ИСКАПИЛ“
И дека мириса убаво. Мажи, ова би се исплатило да го запомнете. Истражувањата покажале дека мирисот и сексот се тесно поврзани односно како мирисот игра многу важна улога во сексуалноста. Ако на жената и се допадне неговиот природен мирис, тој е на добар пат, ја привлекува.
Но исто така и некои телесни мириси можат да бидат одбивни (ако не се туширал два дена). Исто така кога се работи за парфеми – паметно е да и дозволите на жената да одбере. Многу е поважно парфемот повеќе да и се допадне неа отколку него.

КАДЕ Е „СТОЈКО“?
Секако прво фрлаат поглед да видат дали тој има ерекција. Жената сака да знае дали го возбудува мажот. Ако ерекцијата изостанува, за жал, прво ќе помислат дека тие се виновни. Но, всушност можно е и тој да е нервозен како и нив на почетокот.

ЈА ПРОВЕРУВААТ ВЕЛИЧИНАТА
Лага е дека величината не е важна. Но не е единственото важно нешто. Жените прво ја гледаат и градбата на телото, потоа величината во опуштена состојба, фризурата „таму долу“ и сето тоа ја создава сликата која остава впечаток. Но исто така битна е и изведбата.

ДЕТАЛИ
Бемка на грбот, шармантни пеги од сонцето, бели стапала и темна кожа на нозете, веројатно дека цело лето носел патики и чорапи. Исто така го забележуваат и маникирот на нозете. Жените забележуваат такви нешта.

ДАЛИ МОЖЕБИ ИМА НЕКОЈА ПОЛОВА БОЛЕСТ
Извинете дечки но постои сомнеж, и колку типот да изгледа чисто и негувано. Наводно 1 од 4 мажи е преносител на вирусот кламидија кој предизвикува рак на на матката. Затоа никој не треба да го изненади разговорот за ставање кондом и инсистирањето за користење кондом.

Прегледи:
836
Објавено на:
03.11.2020