Категории

Најелегантните жени на светот се родени во ист хороскопски знак: Копирајте го нивниот стил!

Моника Белучи, Кетрин Зета Џонс и Гвинет Палтроу имаат нешто заедничко – тие се ист хороскопски знак. Вагите се најелегантниот хороскопски знак. Ги краси елеганција, прикриен неодолив сексапил.

Вагата е синоним за елеганција

Жената родена во Вага е дама во права смисла на зборот. Таа е грациозна, одважна и секси. Плени со харизма и со својата појава. Вагите никогаш нема да изберат нешто што е претерано, но од друга страна никогаш нема да стават на себе нешто што е скромно или евтино.

Носат едноставни, скапи и елегантни модели.

Вагата знае да носи црно

Одличен пример за тоа е Моника Белучи. Нејзиниот најчест стил се елегантни црни фустани или женски одела кои перфектно ги истакнуваат женските облини.

Вагата ги поместува границите

Уште една припадничка со малку поинаков стил, а сепак беспрекорна е Аврил Лавињ. Таа дури има и своја модна марка. Аврил успеа рокерскиот стил со мартинки да го вклопи со бисерно ланче и обетки.

Тоа само Вагите можат и знаат!

Гвинет Палтроу исто така е Вага која е беспрекорна во своите скапи и едноставни комбинации. Други познати личности родени во знакот на Вага се: Ким Кардашијан, Вил Смит, Еминем, Снуп Дог…