Категории

Најголемото чистење на океаните досега – извадени 103 тона пластика од океаните!

Во времетраење од 48 дена, експедиција до најголемата депонија на вода во Тихиот океан, извади 103 тона пластика од океанот. Мисијата ја водеше Ocean Voyages Institute, непрофитна организација основана во 1979, за да се зачуваат светските океани. Нажалост, ова е само капка во споредба со она што е останато во океаните.

Чистењето од страна на институтот е најголемото чистење досега. Инаку, оваа област полна со ѓубре, или депонијата во вода, е лоцирана во Тихиот Океан, помеѓу Калифорнија и Хаваи. Таа е вортекс на струја која буквално заглавува илјадници тони пластика. Најмногу има опрема за рибарење и секојдневни консумерски пластики.

Секојдневна рибарска опрема и „дух-мрежи“, кои се мрежи кои се фрлаат во океанот наместо правилно да се отстранат, биле најголем дел од ѓубрето во тие 103 тона. Нажалост, низ ѓубрето имало многу скелети на морски животни кои се нашле несреќно заглавени тука.

Здравјето на океанот влијае врз здравјето на луѓето. Овие остатоци од пластика, кога полека ќе се разградат, се разградуваат во микропластики. Микропластиките не само што ја намалуваат можноста на океанот да задржува јаглерод, туку и се задржуваат во организмите на животните кои луѓето ги јадат, со тоа, микропластиките влагаат насекаде низ човечките организми. Најголемиот проблем со тоа е што ова е неверојатно нов проблем за човештвото, и се уште не знаеме како микропластиките влијаат врз нашите организми – едноставно нема доволно време поминато за да би имале релевантни, долгорочни истражувања на оваа тема.

Прегледи:
744
Објавено на:
14.08.2020