Категории

Најмногу ве мразат оние кои најмногу ви должат: Мудрости на Душко Радовиќ

Ова се најпознатите мудрости на Душко Радовиќ.

1. Секогаш е подобро ТАМУ отколку ОВДЕ и секогап е поубаво ОНА од ОВА. Немаме среќа со она што го имаме и со она што сме. Во нашата среќа уживаат други, а можеби не се ни свесни за тоа.

2. Бидете горди, бранете го своето достоинство. Не зависете од она што не постои. Правете се како да имате нешто друго.

3. Кога би знаеле до кога би живееле, поинаку ви живееле и делувале. Никој не сака да биде наивен и глупав и сите да му се смеат кога ќе умре.

4. Ги замолуваме паметните и чесните да го чуваат здравјето и да не губат надеж. За секој случај. Ако никој друг не ни помогне.

5. Љубовта е голема пречка во сексот. Сексот не може да чека, а љубовта бара сѐ да и се образложи и објасни: и дали ме сакаш, и колку ме сакаш, и што ти се допаѓа најмногу кај мене, и дали ќе ме сакаш засекогаш како што ме сакаш сега, и дали си сакал некого повеќе од мене… Толку љубов сексот не може да поднесе и најчесто се откажува.

6. Наивните поставуваат прашања, но не гледаме што имаат од тоа. Подобро живеат оние кои не се во право.

7. Најмногу ве мразат оние кои најмногу ви должат.

8. Некој живее само од продажба на пластични кеси и е пресреќен и весел. А некој ги купува тие кеси и го купува она поради кое ги купува кесите и повторно не може да најде причина за задоволство.

9. Не живејте сто години, бидејќи тогаш децата ќе ви имаат по седумдесет и осумдесет години и тек тогаш нма да знаете што да правите со нив.

10. Пред да почнете да ја барате среќата, проверете – можеби веќе сте среќни. Среќата е мала, обична, невпечатлива и многумина не умеат да ја видат.

11. Водете сметка за своето презиме. Тоа ќе живее подолго од вас и ќе одговара за сите глупости и грешки.

12. Во животот е доволно да бидете паметни само два пати: кога ја бирате професијата и брачниот партнер. Кој згреши и во двата случаи, мора да биде паметен цел живот.

13. Вложувајте во стомакот! Тоа вложување дава брзи и видливи резултати. Вложувањето во главата е долгорочно и неизвесно.

14. Има многу сиромашни меѓу нашите деца, на кои, освен пари, родителите не можеле да им дадат ништо друго.