Категории

Најмоќните мисли за животот, среќата и љубовта од Габриел Гарсија Маркес!

Габриел Хозе Гарсија Маркес е колумбиски писател, новинар, издавач и политички активист. Роден е на 6. март 1927 година, а умрел на 17. април 2014. Гарсија Маркес се смета за најпознатиот писател на магичниот реализам, жанр во кој се преплетуваат митови и магија од реалноста на секојдневната егзистенција. Неговото најпознато дело е „Сто години самотија“ кое е продадено во повеќе од 30 милиони примероци. Во 1982 година доби Нобелова награда за книжевност.

Ова се некои од неговите најинтересни изреки.

„Те сакам, не поради тоа што си, туку поради тоа што сум јас кога сум покрај тебе.“

„Само затоа што некој не те сака онака како би сакал ти, не значи дека не те сака со целата своја душа.“

„Во животот не е важно она што ви се случува, туку она на што се сеќавате и начинот на кој го паметите.“

„Не плачи затоа што завршило. Радувај се затоа што се случило.“

„Ниедна личност не ги заслужува твоите солзи, а онаа која ги заслужува никогаш нема да те расплаче.“

„Човек има право да го гледа другиот одозгора, само кога треба да му помогне да се исправи.“

„Вистински пријател е онаа личност која те држи за рака, а го допира твоето срце.“

„Лагата е поудобна од сомнежот, покорисна од љубовта, потрајна од вистината.“

„Можеби Бог сака да запознаеш многу погрешни луѓе пред да ја запознаеш вистинската личност, а кога ќе се случи тоа ќе му бидеш благодарен.“

„Староста нема врска со тоа колку години имаш, туку колку старо се чувствуваш.“

„Оној кој чека многу, може да очекува малку.“

„Ништо не се случува без причина.“

„Не се оптеретувај толку. Најдобрите работи се случуваат кога не ги очекуваш.“

„Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе сакаат да ве повредат, но треба да продолжите да верувате, само бидете внимателни.“

„Личноста не умира кога би требало, туку кога може.“ (Сто години самотија)

„Ниеден лек не го лечи она што радоста не може да го излечи. (За љубовта и другите демони)

„Мудроста доаѓа кога веќе не ни е од корист.“ (Љубов во време на колера)