За овој настап вложено е вистинско богатство. Со обзир на тоа дека Евровизија се вбројува во најпрестижните музички натпреварувања, се вложуваат големи финансиски средства за се да биде перфектно, меѓутоа оваа година Естонија дефинитивно вложила најголема цифра.
Нивната претставничка Елина Нечајева носеше необична тоалета на која се проектираше светлина, а за овој настап вложено е вистинско богатство. Станува збор за сума од 65.000 евра, а ова беше најскапиот настап од сите на овогодинешната Евровизија која се одржа во Лисабон.