Категории

Најубавите цитати за животот од Чарлс Буковски

Чарлс Буковски беше еден од најзначајните американски писатели. Остана запаметен по својот експлицитен, суров, понекогаш и вулгарен книжевен израз и своите приказни за симпатичните губитници од маргините на американското друштво.
Ова се неговите најзапаметени цитати..

„Колку човек станува се посилен, толку станува се по осамен, тоа е чиста математика“

„Постојат и полоши нешта од самотијата“

„Интелектуалецот кажува едноставна работа на комплициран начин, уметникот кажува комплицирана работа на едноставен начин“

„Ако сакате нешто да направите – одете до крај. Во спротивно не ни почнувајте“

„Човекот се раѓа како гениј, а умира како идиот“

„Кога љубовта ќе стане заповед, омразата може да стане уживање“

„Ничија болка не е поголема од онаа која природата ја одредила“

„Она што е зло и што не учеле дека е зло, може да бидат две сосема спротивни работи. Друштвото не учи дека одредени нешта се лоши за да не држи покорени“

„Ако не се коцкаш никогаш нема да успееш“

„Просечната девојка повеќе би сакала да поседува убавина отколку памет, затоа што знае дека просечниот маж гледа подобро отколку што размислува“

„Убавите мисли и убавите жени не траат долго“

„Смртта не е ништо, животот е она што е тешко“