Категории

Направена е првата снимка на егзопланетата оддалечена од Земјата 63 светлосни години

Група истражувачи од Институтот за астрономија Макс Планк успеаа да ја забележат првата оптичка слика од егзопланета која е оддалечена 63 светлосни години од Земјата.

Снимката од планетата сместена надвор од Сончевиот систем е направена со помош на најнапредниот оптички телескоп на светот во чилеанската пустина Атакама. Снимањето е изведено со методот радијална брзина.

Егзопланетата наречена Бета Пикторис Ц е втора планета откриена во тој систем.

Водечкиот научник на проектот од Институтот Макс Планк, Френк Ајзенхауер изјави дека почнуваат да истражуваат многу малку вчудоневидувачки светови, од масивна црна дупка во центарот на нашата галаксија до планети надвор од Сончевиот систем.

Бета Пикторис е систем кој се наоѓа околу 63,4 светлосни години од Сончевиот систем. До денес се откриени само две планети кои кружат во младиот систем – првата е откриена и фотографирана во 2008 година и е наречена Бета Пикторис Б.
Бета Пикторис Ц е откриена во втората половина од 2019 година а сега е направена и нејзина единствена снимка.

 

Прегледи:
642
Објавено на:
18.10.2020