Категории

Направете го најдоброто за себе и спречете го губитокот на помнење!

Губитокот на помнењето е физиолошки процес со текот на стареењето. Многу луѓе пробуваат да го спречат тоа користејќи многу витамински додатоци или одредени лекови.

Меѓутоа, според советите на Американската невролошка академија, тоа не е најдобар начин за да се спречи когнитивното опаѓање. Докторите наведуваат дека за да се зачува функцијата на мозокот најважен фактор е вежбањето. Доволно е само два пати неделно да се биде физички активен за да се подобри состојбата. Имено, една студија покажала дека повозрасните луѓе кои два пати во текот на неделата практикувале аеробик, вежби за рамнотежа, вежби за издржливост, или пак комбинирани вежби, по 6 месеци покажале подобро помнење и когнитивно здравје, како и помал степен на стареење на мозокот. Одличното помнење е само уште една причина зашто морате најмалку два пати неделно да бидете физички активни по најмалку еден час.