Направете сами спреј за совршени локни во летните денови!

Витканата коса е совршена кога е убаво времето. Делува женствено и во комбинација со некоја летна облека оваа фризура е полн погодок. Веројатно сте забележале дека кога ќе излезете од море косата добива особено убави локни. Токму морската сол е заслужна за овој ефект. Таа ја прави косата цврста и и дава волумен и текстура. Поради неа локните се постојани и цврсти. Овој спреј ќе и го даде токму тој ефект на косата.

Потребни состојки: 

  • Кокосово масло
  • Гел алое вера
  • Морска сол
  • Зовриена вода

Подготовка:

Подготовката е многу едноставна и брза. Сѐ што треба да направите е да ги додавате во водата состојките една по една, па откако убаво ќе промешате, спрејот е подготвен за употреба.

Нанесете го на косата и потоа изгужвајте ја со рацете, за да го добие посакуваниот облик.




Коментари

коментари