Категории

Направете витаминска вода која е совршена за летните горештини! (РЕЦЕПТ)

Разладете се и нахранете го своето тело со витамини истовремено!

Витаминската вода е најдобар можен напиток за внесување во телото на високи температури. Ќе ве освежи и ќе ви го регенерира телото за да функционирате нормално.

Освен високи температури, топлотниот бран со себе носи зголемено чувство на жед и потреба од освежување. За да си ги олесните последиците од непријатните високи температури, посегнете по вкусната витаминска вода која се прави веднаш.

Состојки:

  • 2 шолји боровинки,
  • 2 излупени и исечкани портокали,
  • 1 шолја јагоди,
  • 1 излупен и исечкан лимон,
  • 1 голема исечкана краставица,
  • неколку ливчиња босилек,
  • 3 литри вода.

Подготовка:

Измијте ги сите состојки и ставете ги во три литри вода. Оставете во фрижидер минимално два часа и потоа уживајте во напитокот.