Категории

Нарцисите се посреќни од останатите луѓе, и тие се најчесто мажи

Нарцисоидните луѓе се штетни за околината но корисни за себеси

Нарцисоидните луѓе можеби имаат „безгранични“ заблуди за тоа колку се важни па се лишени од чувството на срамот, но психолозите тврдат дека веројатно тие се посреќни од останатите луѓе. Досегашните истражувања покажуваат дека 1 до 6 посто од населението пати од нарцисоидно пореметување на личноста, а 50 до 75 случаи се најчесто мажи.

Нарцисоидната личност по дефиниција е некој со исразено чувство на грандиозност, потреба за восхит и недостаток на емпатија, чии симптоми почнуваат уште во раната возраст. Сутдиите за нарцизмот на кои моменталнот работат научници од универзитетот Queen’s University во Белфаст, упатуваат на тоа дека ваквите личност често успеаваат да ги разгневат другите луѓе, но дека се помалку депресивни или под стрес.

Минимално чувство на срам и вина
Научниците ги опишуваат нарцисите како личности склони кон „ризично однесување“, кои имаат нереално супериорно мислење за себеси, преголема самодоверба, покажуваат многу малку сочувство спрема другите и немаат изразено чувство на срам или вина.
Нарцисоидноста психолозите ја сметаат како една од „мрачните особини“ и ја ставаат во иста категорија со психопатијата, макијавелизмот и садизмот.
На студијата на др. Георгос, која опфатила 700 луѓе, се укажало дека нарцизмот може да е лош за друштвото и околината, но корисен за самиот нарцис.