Категории

Научниците откриваат – Вонземјаните можат да не видат од повеќе од 1000 блиски планети

Постојат околу 1000 ѕвездени системи од каде вонземјаните, доколку постојат, би можеле да не посматраат од далеку.

Тие 1000 ѕвездени системи се наоѓаат во директниот видеокруг на нашата планета и се доволно блиску не само за да ја откријат нашата планета Земја, туку и хемиските траги на земјен живот.

Во текот на последната деценија астрономите пронашле егзопланета која кружи околу оддалечените ѕвезди користејќи едноставна формула. Обрнете внимание на ѕвездата и почекајте одеднаш да потемни. Тоа е знак дека планетата поминува помеѓу ѕвезда и телескоп. Анализирајќи како светлината се менува додека ѕвездата бледее, може да се открие хемиска содржина на атмосфера на планетата.

Но овој метод делува само за планетата чија орбита ги води помеѓу ѕвездите домаќини и Земјата. Во новиот научен труд, истражувачите ја свртиле таа формула наопаку прашувајќи се: Кои блиску ѕбезди се правилно подредени со цел нивните жители да ја видат Земјата како поминува пред Сонцето? Дали би постоел било каков облик на живот во тие ѕвездени системии кој би можел да открие дека постојат живи битија на Земјината површина? Одговорот е да, има голем број такви блиски ѕвезди.

Истражувачите претпоставуваат дека околу 5% од 1000 ѕвезди се премлади за да може да еволуира интелигентен живот, дури и ако орбитира планета со почетни услови. Но преостанатите 95% припаѓаат на ѕвездената категорија која може да одржува живот милијарди години, што Земјиното искуство сугерира дека е доволно долго за да се развие интелигентен живот, под претпоставка условите да се поволни.

Голем дел од ѕвездите на листата се наоѓаат на крајот на опсегот од 326 светлосни години затоа што се во зона во која видливиот Земјен транзит се намалува како што се приближувате кон нашиот Сончев систем.
Но најбликата ѕвезда на списокот е оддалечена само 28 светлосни години. Постојат уште неколку блиски ѕвезди кои се на пат да влезат во зона во која би можеле да ја забележат Земјата. Некои се доволно светли што можат да се видат од Земјата.

Прегледи:
641
Објавено на:
08.11.2020