Категории

Научниците веруваат: Ова е најризичното место во домот за пренесување на корона вирусот!

Новиот вирус очигледно се задржува во фекалните материи долго време, покажа една студија

Најризично место во домот за пренесување на корона вирусот е бањата, веруваат научниците.

Неодамнешното тестирање спроведено во дом во кој бил изолиран заразен со корона вирус, покажа дека ВЦ шолјата, мијалникот и кваката од тоалетот се позитивни на вирусот, што ја засилува можноста дека друг начин на пренесување на вирусот може да биде преку фекалии.

Претпоставката на научникот дека бањата е најризична лежи во фактот дека откако ќе пуштите вода во бањата, вирусот се шири низ просторијата и ги контаминира другите области во близина.

Истражувањето на др. Сеана Веи Ксианг Онг од Националниот центар за заразни болести во Сингапур исто така покажа дека кај заштитната опрема на негователите, како и ходникот во домот, не е забележано присуството на вирусот.

 

Долго останува во фекалиите

“Кога размислуваме за начините за пренесување на корона вирусот, ова не е првото нешто што најмногу ќе ви падне на памет пред оваа студија. Очигледно, мора да се води дополнителна грижа за дезинфекција на бањата по секоја употреба, како и за темелно миење на рацете “, предупредува д-р Арон Глат, директор на болницата Маунт Синај Јужен Насау во Њујорк.

Новиот вирус очигледно долго време се задржува во фекалните материи. Затоа, ако не темелно не ги измиеме рацете и не ја дезинфицираме бањата по употреба, постои зголемен ризик од зараза, пренесува Business Insider.

Д-р Онг ги тестирал домовите на тројца заразени пациенти кои биле изолирани дома. Кај секој од нив земено е по 26 примероци од просторијата каде што минувале најмногу време, од бањата и претсобјето. Примероци биле земени и од лекарите кои ги посетувале во самоизолација.

Доказ колку е важна дезинфекцијата

Првиот пациент бил тестиран двапати – на четвртиот и десеттиот ден од болеста. Тестовите биле направени по чистење на наведените простории и покажале негативен резултат.Просториите и на другиот пациент биле тестирани два дена по дезинфекцијата и биле исто така негативни на корона вирусот.

Меѓутоа, кај третиот пациент земени се примероци пред чистење, а тестирани се и неговите примероци од столицата, кои биле позитивни на вирусот. Д-р Онг вели дека вирусот е пронајден во три од пет места во тоалетот, додека загадување немало во ходникот.

„Ризикот од пренесување од контаминирани обувки е многу мал, како што покажаа и нашите резултати, но исто така имаме јасен доказ дека редовната лична хигиена како и одржувањето на хигиената во бањата по секоја употреба е многу важна“, вели др. Онг.

Прегледи:
659
Објавено на:
01.04.2020