Категории

Не брзај, работите и онака ќе се случат онака како што треба да се случат!

Убаво е чувството кога не верувате во стрес. Кога ќе се оддалечите од метежот и вревата што ја прават луѓе кои мислеле дека се многу важни. И дека тоа што го прават е многу важно. И тоа време е скапоцено Убаво е чувството кога велиш: Не морам да брзам, работите и онака ќе се случат онака како што треба да се случат, и кога што треба да се случат. Кога ќе сфатите дека не треба да реагирате на се, дозволувате животот да прави некои работи како што е најдобро.

Душата станува голема кога ќе почнете повеќе да се грижите за работите кои носат мир. Малите нешта што значат живот. И сфаќаш дека животот е да работиш на соништата, а не на некој фиктивен проект што ти го наметнуваат другите. Убаво е чувството кога не се плашите дека рокот ќе помине затоа што сфаќате дека времето за живот е многу поважно од времето што ќе го потрошите на некоја работа. Значи сонуваш, сакаш, чувствуваш, патуваш, се дружиш. Секој ден живеете како да е последен.

Прегледи:
456
Објавено на:
04.01.2022