Не дебелее, го успорува стареењето и изобилува со витамини: 6 одлични ефекти од дињата врз организмот!

Дињата треба да ја консумирате што повеќе додека ја има, а затоа постојат најмалку 6 причини!

Поседува завидна количина на витамин А неопходен за добар тен и вид, како и витамин Ц, а заедно тоа се два моќни антиоксиданси кои го штитат организамот од кардиоваскуларни болести и стареење.

Може да ја јадете во големи количини, а без да се плашите дали ќе се здебелите, бидејќи во неа има само 34 калории, малку шеќер без обзир колку е слатка и дури 91 грам вода.

Поседува добитен пар на виитаминин за добра форма. Во изобилство има витамин А, неопходен за тен и вид, како и витамин Ц.

Овие два антиоксиданси заедно го штитат организмот од кардиоваскуларни болести и стареење.

Дињата е богата со тиамин, ниацин, витамин Б6, фолати, пантотенска киселина. Од минерали содржи железо, магнезиум, бакар, калиум, манган, фосфор.

Некои нови истражувања тврдат дека бета каротенот од диња помага во борбата против карциномот на бели дробови, но и кај ракот на грлото на матката, желудникот.

Билните влакна поволно делуваат врз чистењето на организмот од штетните материи и претставуваат вистински рецепт за лечење на подуеноста во стомакот.

Калиумот кој го има дури 300 милиграми во 100 гр диња, му помага на организмот да се ослободи од вишокот натриум и на тој начин го намалува крвниот притисок.

Секако, за да има ефект, треба редовно да се јаде диња. Истовремено, водата и калиумот од дињата ја поттикнуваат работата на бубрезите и помагаат при отстранување на штетните материи.

Во народната медицина овој плод претставува лек за освежување и психичко смирување. Особено се препорачува по сериозното потење, бидејќи на организмот му ги надокнадува изгубените течности и потребните минерали.

Во народната медицина дињата се користи и за отстранување на воспаленија на жолчката и мочните патишта, како и при убод, опекотина и терапија против болка. Се користат и облоги од исцеден сок од диња или изренданата кора се става на болното место.




Коментари

коментари