Категории

Не плашете се од силните луѓе, тие не сакаат ништо од вас – Плашете се слабите тие немаат што да изгубат

Две работи секогаш запомнете, немојте да мразите никого но немојте и да ги сакате сите. Живејте го животот без да се врзувате многу за луѓето, нештата и искуствата што ќе поминат. Затоа што додека да се свртите, тие ќе ги нема. Тоа е живот. И колку побрзо го научите тоа, толку полесно ќе ви биде. Но сепак погледнете една работа. Погледнете кој остана покрај вас кога ви беше најтешко. Во бурите и студените ноќи.. И не побегна кога бегаа другите.  Тие нешта се најважни.

И не барајте поддршка во оние за кои веќе знаете дека ќе избегаат кога ќе се згусне. Потпрете се на себе! Си го должите тоа на себе. Потпрете се на вашата вера! На тој горе што ти дава сила. И не плашете се од силни луѓе. Тие не сакаат ништо од вас. Плашете се од слабите. Тие напаѓаат. Ве вовлекуваат во рингот. Затоа што немаат храброст да си го живеат животот, да си ги средат приоритетите, па паѓаат во туѓите ис сеат раздор и страв. Само гледајте навечер да ја задржите вашата душа мирна. И се друго ќе си дојде на свое.

Прегледи:
497
Објавено на:
31.10.2021