Категории

Не плаши се – Бог е поголем од сѐ

Небесниот Татко се грижи за тебе. Тој се држи под контрола. Не стравувај, Бог е поголем од се што се случува на овој свет.

„Не плаши се и не стравувај, затоа што каде и да одиш, со тебе е Бог твој“

Со месеци во светот се шири духот на стравот. Многумина се плашат да не се заразат со страшната болест. Економијата е во опаѓање, училиштата и угостителските објекти се затвараат, забранети се собирања..
Иако нема никакви назнаки кога ќе заврши пандемијата, не треба да паничиме. Нема причина да живееме во страв. Пред се, го имаме Бог кој е поголем од се со што би можел да се соочи овој свет. Голем страв, секоја тешкотија, секоја препрека е ништо во споредба со Него во нашиот живот.

Му служиме на Бог кој е секогаш со нас. Без оглед на тоа што се случува, каде одиме или што правиме, Тој е со нас. Тој ни вети дека никогаш нема да не напушти.

Тој е нашиот небесен Татко. Се грижи за нас подобро отколку што било кој земски татко би можел да се грижи за своите деца. Тој контролира се и тоа треба да ни биде утеха.

Не треба да се плашиме затоа што Тој е поголем од се и од сешто. Псалмот 95,3 вели: „Затоа што Јахве е голем, Бог наш, Крал над сите богови.“

Што кога стравот ќе почука на врата?

Наместо со нетрпение на исчекувате што ќе кажат медиумите за неволјите во светот, свртете се кон Господ. немојте да се врзувате за телевизијата и социјалните мрежи. Паднете на колена и молете се. Кога ќе станете, ќе имате мир.

Личноста која не се плаши од Бог, се плаши од се, додека личноста која се плаши од Бог, не се плаши од ништо друго. Веруваме дека Бог ќе не избави од сето ова. Псалмистот Давид изјавува:

„Кога праведниците се заплачат, Бог ги слуша и ги избавува од сите неволји нивни.“

Верникот може да има многу проблеми, но Бог со нив поминува низ се.

Додека продолжуваме да добиваме вести за коронавирусот, да се молиме, и да чекориме кон верата а не кон стравот.

Прегледи:
727
Објавено на:
02.12.2020