Пушти ја љубовта внатре. Кажи им на луѓето како се чувствуваш, и немој да се грижиш дека ќе бидеш премногу. Биди премногу. Сакај премногу, грижи се премногу. Дозволи им на другите да ја видат твојата внатрешност, биди ранлив, немој да се плашиш од она кое го чувствуваш.
Обиди се да пронајдеш убавина во секое скршено нешто, обиди се да одиш напред и да се отпуштиш од некои нешта. Обиди се да научиш да веруваш во новите почетоци, и покрај сите нешта низ кои си поминал.
Прегрнувај ги силно оние кои ти значат, обиди се да ги составиш сите скршени парчиња, смеј се гласно и живеј гласно, но немој никогаш да заборавиш да бидиш нежен спрема себеси.
Не плаши се од интензивноста на твоите чувства, не плаши се да се приврзиш кон некого и да сакаш искрено.
Поврзи се со миговите кои ти донесуваат солзи во очите, со оние кои прават да ти треперат дланките, немој да се плашиш и да бегаш од нештата кои прават да бидеш свесен за сето она на кое е способна твојата душа.
Затоа што еден ден сето тоа ќе исчезне. Немој да се плашиш да чувствуваш нешто, немој да дозволиш твоето срце да исчезне предвреме.