Категории

Не премостувајте реки за оние кои не би прескокнале нити вир за вас

Животот е премногу краток за да се вознемирувате ноќе поради работи што ви тргнале наопаку тој ден или поради луѓе што ве повредиле. А ако сакате да пуштите неколку солзи, размислете добро дали вреди оној за кого би плачеле. Очите откриваат се. И ако плачеш и ако ги сокриваш солзите во себе. Душата се сеќава. И кога мислите дека не може да биде полошо, секој нов ден докажува дека може. Но, не да ве порази, туку да ја извадите од себе желбата да се борите, да зајакнете, да останеш исправени, да одите понатаму.

Животот е премногу краток за да ги задоволите оние кои не би мрднале нити со прст за вас. И тогаш на крајот ќе ве отфрлат. Ако нема да направите нешто убаво со вашиот живот, запрашајте се кој друг би го направил тоа. Никој не влегол во вашиот свет без причина. Без разлика дали се добри или лоши, тие беа тука за да научите да се цените себеси и да сфатите дека состојките на среќниот живот се во ваши раце а не во туѓи. И не кажувајте: не можам повеќе! Слушајте што ви кажува животот: Можете и морате!

Прегледи:
475
Објавено на:
20.11.2021