Категории

Не си дозволувам на себеси да влегувам во туѓи животи!

Не дозволувам ни на некој друг по секоја цена да влегува во мојот и да стои онаму каде што не му е местото. Не си дозволувам на себеси да влегувам во туѓ живот, затоа што тоа не е мој ниту на некој начин ме допира мене, ниту пак другите смеат да влегуваат во мојот.

Кој сум јас да можам некому да му судам кога не ја знам неговата позадина? Кој сум јас да можам некому да му кажувам што е подобро кога ни сам не сум сигурен што е добро за мене? Кој сум јас да му кажувам на некој друг што треба да прави кога сто пати сум донел погрешни одлуки и со своето однесување сум се загрозил и себеси и другите? Кој сум јас да можам да погледнам некој друг во очи и да му „солам памет“?

Не си дозволувам на себеси да влегувам во туѓи животи. Од каде ми е тоа право? Нема да се кријам позади оној кој знае се и може се, кој се прави дека дава еден совет а всушност мисли нешто друго, анализира и ништо добро не донесува. Нема да влегувам во туѓ живот, кој сум јас да гарантирам и да знам што е подобро за некој друг. Сеуште не се познавам ни себеси доволно добро за да можам да знам кој е другиот, што го плаши, кои се неговите цели и желби.

Не си дозволувам на себеси да влегувам во туѓ живот. Немам право да бидам некој објективен посматрач, немам право да бидам некој кој само гледа од страна, не лечи, не помага. Немам право никому да му кажувам како подобро да го живее својот живот.
Но исто така, не дозволувам ни на некој друг по секоја цена да влегува во мојот и да стои онаму каде што не му е местото. Не си дозволувам на себеси да влегувам во туѓ живот, затоа што тоа не е мој нити на некој начин ме допира мене, нити пак другите смеат да влегуваат во мојот.

Прегледи:
803
Објавено на:
03.02.2020