Категории

Не трошете време на вежби, уживајте во животот наместо да се трудите да бидете убав леш

Пауло Убиратан, лекар од бразилскиот град Пуерто Алегре, после една изјава за локална телевизиска станица, стана светски позната личност..

Во интервјуто докторот ги негираше сите претходно неодрекливи правила за здрав начин на живот. Лекарот верува дека често се што се кажува дека делува благотворно на телото, во реалноста не ни донесува ништо добро – само ни штети.
Убиратан е сигурен дека вегетаријанството му донесува штета на човекот, а вежбите за кардиоваскуларниот систем и воопшто не го продолжуваат животот туку го скратуваат.

Бразилскиот доктор изјави:
„Секое срце има одреден број на мускулни контракции. Не трошете ги на вежби. Животниот период ќе ви истече без оглед на тоа како го користите срцето. Тоа е исто како да кажете дека можите да му го продолжите векот на вашиот автомобил ако го возите со голема брзина“

Пауловата филозофија е едноставна – ако ништо не ве боли, не правете ништо. Јадете пржено, пијте пиво или вино, редовно водете љубов, јадете месо и што е најважно – не оптеретувајте го телото со никаква физичка активност.

„Да е шетањето корисно, поштарите би биле бесмртни. Китовите убијци цел живот пливаат, јадат риба и пијат вода, а и покрај тоа се дебели. Зајаците трчаат и скокаат нон-стоп и живеат 15 години. Желката не трчат и не прави ништо па живее 450 години.
Животот воопшто не треба да биде таков, целта да ви биде да сте убав леш.
Животниот пат треба да го започнете со кригла пиво во едната рака, и сендвич во другата, а да го завршите со многу опивање, уморни, со искористено тело викајќи Ура! Фала! Вредеше! Сјаен живот! Одличен пат!“

 

Прегледи:
621
Објавено на:
21.10.2019