Категории

Не врзувајте ги луѓето за себе, никој не може да биде врзан!

Ништо не трае вечно. Бидете си доволни самите на себе!

Никого не можите да го врзите за себе и да го направите дел од вас и колку да се трудите, секој човек е роден сам и тежнее кон својата слобода целиот живот. И колку причини да им давате за да останат, доволна е само една добра за да ве напуштат. Немојте да дозволите вашиот живот да зависи од некоја друга човечка душа, да се потпирате на неа како да ќе биде покрај вас засекогаш, не дозволувајте неговото присуство да го замени воздухот кој го вдишувате, на крајот вие ќе се борите за здив.

Бидете среќни и исполнети сами со себе, не ви е потребен некој друг за да бидете целосни. Љубовта и чувствата спрема другите се прекрасни но се додека не се претвориле во зависност. Тогаш кога ќе сфатите дека можете да функционирате потполно нормално и кога сте сами, и кога сте свесни за сите свои квалитети и нешта кои ги имате да ги понуди, ќе знаете дека оној кој може да ги препознае секогаш ќе остане покрај вас и нема да ја преиспитувате неговата сигурност.

Врзете се за себеси и што и да се случи, не пуштајте ја вашата дланка, само кога цврсто ја држите, ќе можете да бидете сигурни во нечија друга.

Прегледи:
804
Објавено на:
16.06.2020