Категории

Не заборавај денес да и ја искажеш љубовта на својата мајка, утре можеби ќе биде доцна

Некој човек застанал пред цвеќарата за да нарача и испрати цвеќе за својата мајка, во град оддалечен 320 километри..

Некој човек застанал пред цвеќарата за да нарача и испрати цвеќе за својата мајка, во град оддалечен 320 километри.

Кога излегол од автомобилот забележал расплачено девојче кое седело на плочникот. Го прашало во што е проблемот, а таа одговорила:
„Сакав да и купам црвена ружа на мајка ми, но немам доволно пари.“

Човекот се насмевнал и одговорил:
„Дојди, ќе купиме ружа за твојата мајка.“
Нарачал цвеќе за својата и купил ружа за мајката на девојчето. На излегување од цвеќарата и понудил да ја одведеде кај нејзината мајка. Девојчето рекло:
„Прифаќам, следете ме.“
Девојчето го одвело до гробиштата каде ја ставило ружата на свежиот гроб. Човекот се вратил во цвеќарата и ја откажал испораката на буќетот, наместо тоа го земал и отпатувал 320 километри до куќата на својата мајка.

Прегледи:
637
Објавено на:
10.05.2020