Категории

„Не задржувај го она кое заминува од тебе, затоа што нема да пристигне она што доаѓа накај тебе!“

Карл Густав Јунг можеме да го наречеме позитивен психолог и филозоф. При нервоза и депресија тој гледал импулс за ширење на свеста. Ова се некои од најпознатите мисли.

~Не задржувај го она кое заминува од тебе, затоа што нема да пристигне она што доаѓа накај тебе.

~Ако човек не ја разбира другата личност, тој ќе тежнее да ја смета за будала.

~Најтежок е теретот кој лежи на детските рамена, тоа е непроживеаниот живот на нивните родители.

~Твојата визија ќе стане јасна дури кога ќе погледнеш во своето срце. Оној кој гледа однадвор – гледа само соништа, оној кој гледа внатре во себе, буди се.

~Осаменоста не се отсликува со отсутноста на луѓе околу вас, туку неможноста за разговор со луѓето околу тоа што е за вас значајно или неприфатливо за вашите уверувања.

~Ние тежнееме во минатото кон своите родители и напред кон своите деца, во иднина која никогаш нема да ја видиме, но за која сакаме да се погрижиме.

~Депресијата е како дама во црно. Ако дошла кај вас, не ја бркајте. Повикајте ја на маса, како гостин, и послушајте што има да ви каже.

~Се што ве иритира кај другите, може да ве води кон разбирање на себеси.

~Ако сте талентиран човек, тоа не значи дека нешто сте добиле. Тоа значи дека можете нешто да дадете.

~Тоа на кое му се спротивставувате – опстанува.

~Осудата не ве ослободува, ве гуши.

~Вашиот поглед ќе стане појасен само тогаш кога ќе можете да погледнете во вашата сопствена душа.

~Јас – не сум она што ми се случило, јас сум она кое сум одлучил да бидам.

Прегледи:
491
Објавено на:
27.05.2020