Категории

Недела на планина е секогаш добра идеја! Оваа недела #ИзлезиИДиши на Осоговска Планина

Уште една акција од иницијативата #ИзлезиИДиши ќе се одржи оваа недела на 19-ти март. Овој пат I love hiking – group Macedonia и Zpzp Kalin Kamen ве носат на Осоговска Планина, а целта е уживање во природата и качување на Царев Врв.

Иницијативата е за зголемување на свеста за сопственото здравје, воедно и зголемување на бројот на активни луѓе по планините, што е голема придобивка за психофизичкото здравје и бегството од градското секојдневие.

Ова е лесна тура соодветна за почетници, но е долга и нуди убава прошетка низ планинските предели на нашата земја. Поаѓањето е во 06:00 часот Железничка станица Скопје, во организиран превоз на I love hiking – group Macedonia за што треба да се пријавите, а повеќе детали за настанот може да добиете на овој настан.